сабота, 25 мај 2024

До 13 часот излезноста на претседателските избори е 23,95 отсто, за парламентарните 25,84 отсто

Државната изборна комисија информира дека до 13 часот излезноста за претседателските избори изнесува 23,95 % и е поголемам во споредба со изборите од 2019 година, додека за парламентаарните  е 25,84%. Најголема излезеност за претседателските избори има во Крива Паланка, со 46,44 %. Најмалата излезеност за претседателските избори е во Липково, со 3,28 %. Во изборната единица 6 е ниска излезноста на изборите и изнесува 16,71 %.

Фото: МКД.мк

Објавено на

часот

Сподели

До 13 часот до ДИК пристигнати се податоци за излезеност на гласачите за претседателските избори од  2.472 избирачки места. Од вкупно запишани 1.261.526 гласачи на овие избирачки места, гласале 302.158 односно 23,95 %.

Споредбено со вториот куг од претседателските избори во 2019 година имаме  зголемување на излезеноста од 3,49% на овие избори. Додека споредбено со првиот круг од претседателските избори 2024 имаме намалување од 0,7%.

До 13 часот пристигнати се податоци за излезеност на гласачите за парламентарните избори од 2.348 избирачки места. Од вкупно запишани 1.207.922 гласачи на овие избирачки места, гласале 312.070 односно 25,84%.

Најголема излезеност за парламентарните избори има во Кривогаштани, со 48,65 %. Најмалата излезеност за парламентарните избори е во Маврово и Ростуше, со 11,91 %.

Споредбено со парламентарните избори во 2020 година имаме зголемување на излезеноста од 2,03 % на овие избори.

Излезеноста по изборни единици за парламентарните избори е следна:

Изборна единица 1     31,18 %

Изборна единица 2     23,91 %

Изборна единица 3     29,18 %

Изборна единица 4     26,40 %

Изборна единица 5     25,04 %

Изборна Единица 6    16,71 %

До овој момент до ДИК, како што се наведува, се доставени вкупно 313 приговори за заштита на личното избирачко право. Од нив 105 приговори се усвоени и на избирачите им е овозможено да го остварат своето право на глас, 9 приговори се отфрлени како неуредни, а 40 приговори се одбиени. Останатите приговори се во обработка.

Овој изборен ден го набљудуваат 1.303 домашни набљудувачи, 860 меѓународни набљудувачи и 83 странски новинари.

Активен е и бесплатниот телефонски број 0800 555 44, на кој заинтересираните граѓани можат да постават прашање или да пријават неправилности до Државната изборна комисија.

Исто така активна е и видео кол линијата на број 076 488 360 преку која граѓаните со оштетен слух и говор ќе можат во текот на изборниот ден преку видео повик да постават прашање до Државната изборна комисија и да добијат одговор на знаковен јазик.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ