До 13 часот до ДИК пристигнати се податоци за излезеност на гласачите за претседателските избори од 2.472 избирачки места. Од вкупно запишани 1.261.526 гласачи на овие избирачки места, гласале 302.158 односно 23,95 %.
Споредбено со вториот куг од претседателските избори во 2019 година имаме зголемување на излезеноста од 3,49% на овие избори. Додека споредбено со првиот круг од претседателските избори 2024 имаме намалување од 0,7%.
До 13 часот пристигнати се податоци за излезеност на гласачите за парламентарните избори од 2.348 избирачки места. Од вкупно запишани 1.207.922 гласачи на овие избирачки места, гласале 312.070 односно 25,84%.
Најголема излезеност за парламентарните избори има во Кривогаштани, со 48,65 %. Најмалата излезеност за парламентарните избори е во Маврово и Ростуше, со 11,91 %.
Споредбено со парламентарните избори во 2020 година имаме зголемување на излезеноста од 2,03 % на овие избори.
Излезеноста по изборни единици за парламентарните избори е следна:
Изборна единица 1 31,18 %
Изборна единица 2 23,91 %
Изборна единица 3 29,18 %
Изборна единица 4 26,40 %
Изборна единица 5 25,04 %
Изборна Единица 6 16,71 %
До овој момент до ДИК, како што се наведува, се доставени вкупно 313 приговори за заштита на личното избирачко право. Од нив 105 приговори се усвоени и на избирачите им е овозможено да го остварат своето право на глас, 9 приговори се отфрлени како неуредни, а 40 приговори се одбиени. Останатите приговори се во обработка.
Овој изборен ден го набљудуваат 1.303 домашни набљудувачи, 860 меѓународни набљудувачи и 83 странски новинари.
Активен е и бесплатниот телефонски број 0800 555 44, на кој заинтересираните граѓани можат да постават прашање или да пријават неправилности до Државната изборна комисија.
Исто така активна е и видео кол линијата на број 076 488 360 преку која граѓаните со оштетен слух и говор ќе можат во текот на изборниот ден преку видео повик да постават прашање до Државната изборна комисија и да добијат одговор на знаковен јазик.