„Очекувам од ноември дополнително намалување на цените зашто почна примената на Законот за трговски практики. Есенската кошничка од вчера веќе не е на сила, но ако дојде до покачување на цените ќе се преземат поригорозни мерки“, истакна министерот.
Според него, со есенската кошничка се спречи наглото зголемување на цените.
„Со есенската кошничка цените на производите се намалија за пет до десет отсто. Има и производи кои не се воопшто или се многу малку намалени како лебот, млекото, маслата за јадење, но и производи чии цени се намалени за над 10 проценти, како месото, зеленчукот, млечните продукти,… Нашите податоци кажуваат дека искажано во пари за едно четиричлено семејство на месечно ниво заштедата на дел од производите изнесува од 690 ден до 1.360 денари, зависно од начинот на исхрана, како и од изборот на маркети каде што се набавуваат производите. Тоа го потврдуваат и податоците на Синндикатите од нивната синдикална кошница каде што во октомври во делот на храна и пијалоци е намалена за 935 денари“, повтори министерот.
Дурмиши најави Божиќна кошничка кон крајот на годината, а потоа, рече, ќе има и рамазанска, велигденска,… Кошничките ќе се однесуваат на различни производи зависно од потребите на граѓаните.