понеделник, 13 јануари 2025

Песков: Многу земји би сакале да бидат платформа за средбата Путин-Трамп, рано е да се зборува за тоа

Многу земји изразуваат подготвеност да бидат платформа за потенцијалните преговори меѓу рускиот претседател Владимир Путин и новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, но прерано е да се зборува за тоа, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој рече дека сè уште нема суштински подготовки за средбата меѓу Путин и Трамп, но додаде дека за тоа постои политичка волја.

„Ваквите контакти се многу неопходни и препорачливи“, рече Песков, според новинската агенција РИА Новости.

Претходно денеска советникот на Трамп за национална безбедност Мајкл Волц изјави дека Путин и Трамп се очекува телефонски да разговараат во наредните денови или недели.

Српскиот претседател Александар Вучиќ претходно изјави дека Србија е заинтересирана да биде место за средба на Трамп и Путин и дека би можела да гарантира целосна безбедност за двајцата претседатели.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ