недела, 19 мај 2024

ДКСК оформи 45 предмети за изборна корупција

Од распишувањето на изборите Државната комисита за спречување на корупцијата оформи 45 предмети поврзани со изборна корупција. Најголем дел од нив се однесуваат на постапките поврзани со работни односи, вработувања и отпуштања, а има и случаи на злоупотреба на службени автомобили, предвремено започнување на кампањата и изградби, изјави првиот човек на ДКСК Татјана Димитровска во интервју за Радио слободна Европа.

Објавено на

часот

Сподели

Таа вели дека само половина од институциите ја исполниле законската обврска да ги презентираат службените возила на оваа институција. За останатиот дел, ДКСК ги известила институциите кои избираат и именуваат функционери бидејќи законот не предвидува санкции.

ДКСК, вели Димитровска, по сопствена иницијатива оформи два предмети. Едниот предмет се однесува на набавката на хеликоптери за потребите на Министерство за одбрана. Другиот е оформен за набавка на медицинските возила.

„Во соработка со Министерство за внатрешни работи обезбедивме податоци за 1.557 државни институции. Институции кои имале потреба, односно обврска да достават податоци за возилата што ги користат. До законскиот тврдениот рок, кој беше 24 февруари 2024 година, доставија 402 институции, или некаде околу 20-25% од институциите кои имале законска обврска да го достават овој податок. После законскиот утврдениот рок, имаат доставено 88 институции. До денеска 50% од институцииите немаат доставено податоци“, изјави Димитровска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ