Претседателката на Антикорупциската комисија Татјана Димитровска вели дека утре ќе го испратат барањето за обезбедувањето на документацијата.
ВМРО-ДПМНЕ од вчера почна со прес-конференции наречени „Бисера Антоанета“ на кои тврди дека поранешната министерка за култура на службени патувања во Лондон трошела буџетски средства за приватни цели.
Костадиновска-Стојчевска денеска на прес-конференција рече дека ќе одговара, ако се утврди неправилност, а во спротивно најави тужба против ВМРО-ДПМНЕ.