сабота, 27 јули 2024

ДКСК бара одговорност од Габер Дамјановска зашто сред избори ги вработи идните судии и обвинители

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска покрена иницијатива до сите надлежни органи за утврдување одговорност на директорката Наташа Габер Дамјановска, како и на претседателот и членовите на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители поради сомнение дека ги прекршиле Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси и Изборниот законик.

Објавено на

часот

Сподели

„Надлежните институции имаат рок од 60 дена да ја разгледаат и да постапат по оваа иницијатива. Потсетуваме дека ДКСК отвори предмет за вработувањата во Академијата за судии и јавни обвинители, за време на изборите, за што утврдивме дека е спротивно на законите, а тоа практично го потврдија и Управниот и Вишиот Управен суд, кои ја отфрлија жалбата на Академијата за судии и јавни обвинители. Затоа, сметаме дека и оваа иницијатива е целосно оправдана и дека надлежните институции ќе постапат соодветно и во предвидениот рок“, информираа од ДКСК.

Вработувањата на кандидатите за идни судии и јавни обвинители кои ја посетуваат Академијата ги оспори тогаш кандидатка сега претседателка на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова. По жалбите на АСЈО прво до Управниот, а потоа и до Вишиот управен суд, и двата суда одлучија во корист на Сиљановска Давкова односно донесе одлука дека вработувњата биле незаконски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ