сабота, 27 јули 2024

Дизелот поевтинува за 2 денари и се изедначува во цената со бензинот од 95 октани

Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денара по литар, а цената на другите нафтени деривати останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика

Објавено на

часот

Сподели

Од вечерва по полноќ новата малопродажна цена на Еуродизел БС (Д-Е V) е 81 денар за литар, а на нафтата за домаќинствата (ЕЛ-1) – 80 денари.

Еуросупер БС – 95 и понатаму ќе се продава за 81 денар за литар, Еуросупер БС – 98 за 83 денари за литар, а Мазутот М-1 НС за 45,087 денари за килограм.

Од Регулаторната комисија  посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 2,257 отсто, кај дизелот за 3,292, кај екстра лесното масло за домаќинство за 3,677 и кај мазутот за 1,371 отсто.

Курсот на денарот во однос на доларот во споредба со претходната пресметка е понизок за 0,155 отсто.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ