четврток, 12 декември 2024

ДИЗ: Откупот на тутунот тече нормално, откупени над шест милиони клиограми тутун

Државниот инспекторат за земјоделство (ДИЗ) денеска изврши контрола на откупните пунктови за тутун во прилепскиот регион и информираше дека откупот на тутун тече во нормални услови и со нормален интензитет.

Објавено на

часот

Сподели

Тутунот од прва класа се откупува по цена од 375 денари, додека кај една компанија откупувач е постигната цена од 400 денари по килограм, е констатирно по денешната контрола извршена од директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев, заедно со инспекторите од ДИЗ, на откупните пунктови за тутун во прилепскиот регион.

Директорот Анакиев посетил неколку пунктови од вкупно пријавени 287 на територијата на државата. Во текот на извршените контроли е утврдено дека се пријавени 305 ваги.

„Од почетокот на откупот, до сега се откупени вкупно 6.360.485 килограми прва класа тутун, 13.485 килограми втора класа и 556,81 килограми трета класа тутун. Вкупната бројка е 6.374.550 килограми, додека просечната откупна цена изнесува 376 денари. Од овие количини исплатени се вкупно 57 отсто од откупените количини кон тутунарите“, се наведува во соопштението од ДИЗ.

Од ДИЗ најавија дека инспекторите остануваат и понатаму на терен каде будно ќе го следат и контролираат откупот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ