сабота, 27 јули 2024

Дивите кампери во Љубаништа избркани од полицијата

Објавено на

часот

Сподели

Од Управата на Националниот парк соопштија дека во активностите учествувале екипи на НП Галичица, на полицијата и на пазарната инспекција, при што на местото „Рајца“ на самиот брег на езерото биле затекнати околу дваесетина диви кампери. На лице место имало и неколку несоодветно направени септички јами.

„Наредено им е да се дислоцираат, напишани се мандатни казни и соодветни пријави. Во склоп на акцијата беше пуштена и градежна машина булдозер која изврши некои зафати на парцелата во сопственост на РСМ кои понатаму ќе ги оневозможат дивите кампери да се населуваат на тоа место“, информираат од Националниот парк Галичица.

Од паркот уште посочуваат дека со оглед дека станува збор за слободен простор, што не е уреден и нема соодветни услови за кампување односно нема тоалети, контејнери, дополнително се загадува животната средина и воедно една од најубавите плажи на источното крајбрежје.

Години наназад тој простор непосредно до Автокампот Љубаништа се злоупотребува за кампување, без да се води сметка за одржување на хигиената на просторот. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ