Дискотеката со години работела во стар објект, сосема несоодветен за таа намена. Порано овој објект бил магацин за теписи.
Сите овие органи требаше да проверуваат дали овој објект ги исполнува главните безбедносни услови од Правилникот за минимално-техничките услови за вршење на угостителската дејност.
Во дискотеката имало 1.000 гости и само еден излез, прозорец со решетки и еден мал влез-излез. Дискотека е лоцирана меѓу куќи, во тесна уличка без паркинг.
Член 9 од Правилникот за дозвола за угостителски објект ја регулира заштитата од пожар. „Угостителските објекти треба да работат во согласност со прописите за заштита од пожар, според кои во угостителските објекти треба да има апарати и друга опрема за гаснење пожар. Вработениот персонал треба да биде оспособен да ракува соодветно со тие апарати и опрема“.