петок, 18 октомври 2024

Директорот на Здравствен дом Велес поднесе неотповиклива оставка

Директорот на ЈЗУ Здравствен дом – Велес, Нино Николов поднесе неотповиклива оставка од функцијата. Тој ја поднел оставката во петокот, како што тврди, од лични причини.

Објавено на

часот

Сподели

Николов појасни дека повторно се враќа во неговата адвокатска канцеларија во Велес, потенцирајќи дека јавната установа ја предава без долгови.

„Сметам дека во изминатата година ипол, колку што ја извршував функцијата, тоа го правев професионално и совесно. Ги започнав и завршив проектите, како што беа целосно реноворање на делот на објектот во Нова населба, што му припаѓа на Здравствениот дом и усовршување на лабораториските здравствени услуги за пациентите, преку набавка на најсовремена апаратура“, рече Николов.

Тој информираше и дека обезбедена е дозвола за реконструкција на фасадата на главниот објект на Здравствен дом – Велес, меѓу велешани познат како „Уред“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ