„Ситуацијата на фронтот не оди во корист на Киев. Ние ја имаме иницијативата во сите области и сме блиску до постигнување на нашите цели, додека украинските вооружени сили се на раб на колапс, а режимот на Зеленски го загуби својот легитимитет, вклучително и способноста да склучува договори“, рече Сергеј Наришкин во интервју за списанието Разведчик.
Според Наришкин, сите обиди за создавање нестабилност во Русија пропаднале.
„Народот разбира дека ние не се бориме против киевската хунта, туку против колективниот Запад и нашата слобода и суверенитет се загрозени во оваа конфронтација“, рече шефот на СВР.
„Стратешката цел на Западот во украинскиот конфликт беше совршено јасна – да ни наметне војна на исцрпување со цел да го подели руското општество и да создаде услови за ‘обоена револуција’, но тие ќе се борат ‘до последниот Украинец’ и кога повеќе нема да има Украинци, балтичките народи, источноевропејците, а подоцна и Германците ќе бидат принудени да се приклучат во борбата против ‘страшната руска мечка’“, оцени Наришкин.
Тој рече дека „глобалистичките сили веќе ги имаат потребните технологии за перење мозок на обичните луѓе и вршење притисок врз локалните елити“, нагласувајќи дека понатамошната ескалација на тензиите „не само што нема да ги исцрпи руските ресурси, кон што се стремат Вашингтон и Лондон, туку Запад ќе се приближи до сопствениот пораз“, вели ТАСС.
Наришкин тврди дека „и покрај санкциите“ и кражбата на рускиот „суверен имот“, „руската економија расте, а напорите за супституција на увозот продолжуваат со голема брзина, особено во технолошките сектори“.
„Се појавуваат нови логистички рути, нашите економски врски со незападните земји се зајакнуваат, пред се во големата Евроазија“, рече Наришкин.