среда, 23 октомври 2024

Директорот на најголемата германска компанија за оружје: „На Европа ѝ се потребни 10 години за да биде спремна да се брани“

На Европа ќе ѝ бидат потребни 10 години за да биде целосно спремна да се брани, изјави Армин Папергер, директорот на Рајнметал, најголемата германска компанија за производство на оружје.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој, на церемонијата на поставување темели за нова фабрика за оружје во Долна Саксонија, на која присуствуваа германскиот канцелар Олаф Шолц, германскиот министер за одбрана Борис Писториус и данската премиерка Мете Фредериксен, кажа дека залихите на муниција се моментално празни, пренесува Би-би-си.

Папергер истакна дека ќе биде потребно „многу време“ за подготовка против „агресор кој сака да се бори против НАТО“.

„Би биле релативно спремни за три, четири години, но да бидеме навистина спремни, потребни ни се 10 години. Мораме да произведеме 1,5 милиони куршуми“, кажа директорот на Рајнметал, додавајќи дека огромно количество ѝ е испратено на Украина и, додека трае војната во Украина, Европа мора да продолжи да му помага на Киев.

Изјавата на Папергер доаѓа еден ден откако поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави и кандидат за републиканската претседателска номинација Доналд Трамп кажа дека не би ги штител држави кои не ги плаќаат своите обврски за НАТО и дека би ја „охрабрил“ Русија да ги нападне. Шолц истакна дека НАТО е клучен за Европа, САД и Канада и ги окарактеризира забелешките на Трамп како „неодговорни и опасни“.

Рајнметал соопшти дека ќе вложи повеќе од 300 милиони долари во новата фабрика и дека се очекува таа да произведува 200.000 артилериски гранати годишно.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ