недела, 3 ноември 2024

Директорот на медицинското училиште во Гостивар поднел оставка, од АА велат од лични причини

Објавено на

часот

Сподели

Според изворите на МКД.мк на 14 март годинава, Абази пријавил дека бил нападнат од 41 годишен дебранин кој тоа утро дошол во ресторанот каде што Абази бил со свои пријатели на доручек. Откако дебранинот го повикал Абази да излезе надвор луто го прашал зошто тој се допишува со неговата сопруга. Откако Абази се обидел да му објасни дека не знае за што зборува соговорникот, тој бил нападнат и удиран во градите. Веднаш по немилиот настан Абази го пријавил случајот во полиција.

Од Министерството за внатрешни работи не ги потврдуваат информациите на МКД.мк. Оттаму само ни испратија кусо соопштение со кое потврдуваат дека Абази пријавил дека бил нападнат.

„На 14 март во 13.45 часот Е.А. (43) од Гостивар пријавил во полициската станица Гостивар дека истиот ден околу 12.30 часот пред угостителски објект во Гостивар бил физички нападнат од Ш.Б. од Дебар. Против напаѓачот е поднесена соодветна пријава“, информираа од МВР.

А претседателот на гостиварскиот огранок на Алијанса за Албанците, Газменд Абдија во кусиот телефонски разговор само ни ја потврди информацијата дека Абази поднел оставка.

„Со оглед дека образованието е под локалната самоуправа, Абази оставката од лични причини ја поднел до градоначалникот на Гостивар“, вели Абдија.

Извори од партијата пак брифираат дека смената што ќе дојде на чело на медицинското училиште не треба и не мора нужно да се врзува со оставката на Абази.

„Градоначалникот на Гостивар веројатно ќе изврши смена и на други функционери затоа што смета дека еден мандат е доволен. Тоа беше и негово ветување пред да стапи на функцијата“, велат нашите извори.  

Откако Алијанса за Албанците (АА) влезе во власта, извори на МКД.мк велат дека партијата планирала да го предложи Абази за директор на Агенцијата за странски инвестиции.

                                                                                                                                                               И.О.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ