сабота, 27 јули 2024
Вонредна седница на Град Скопје

Директорот на ЈСП тврди дека не користи службен автомобил, Јаневски го праша зошто не се вози со автобус

На вонредната седница на Советот на Град Скопје директорот на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје, Крсте Петревски им порача на советниците на Град Скопје да се изгласа одлуката и да им се даде плата на вработените, а граѓаните да не мрзнат по улиците без превоз. Да ја донесеме одлуката, да ја изгласаме за овие гладни луѓе надвор“, порача Петревски до советниците во Град Скопје. Денес градот остана без јавен превоз, односно автобуси на првиот ден од второто полугодие имаше само до 9 часот. Причина за тоа е наисплатената плата за декември на вработените во ЈСП.

Фотографијата е принтскрин од седница

Објавено на

часот

Сподели

„ЈСП се соочува со недостаток на средства за плата. Јас накратко сакам да образложам неколку моменти. Во јавноста струјат тези дека ЈСП ги троши средствата без отчет пред Советот и без осет. Управниот и надзорниот одбор се изгласани од овој совет и имаат комплетен увид во работата. Јас како директор на ова јавно претпријатие, неколкупати детално сите трошоци, јавно пред сите ви ги образложив, каде се трошат парите на ЈСП“, посочи директорот Петревски.

Според него, во ЈСП нема превработеност и порача дека тезата не држи вода.

„Меѓу 40-50 милиони трошиме за нафта месечно, 20 милиони за метан, 30 милиони исплаќаме на приватниците месечно. Само тие трошоци се стотина милиони. Каде се гуми, греење, резервни делови.. Тезата дека нема отчетност сакам во старт да ја побијам. ЈСП месечно од сите приходи прибира 70 милиони денари – билети и договори со школи кои ги возиме“, додаде Крсте Петревски.

Во врска со нови автобуски линии директорот на ЈСП рече дека ако советот на Град Скопје ги изгласа новите автобуси тогаш ќе може и ова да се направи.

„Изгласајте ги новите автобуси на ЈСП и веднаш ќе воведеме нови линии. Ресурсите на ЈСП со оваа флота стара 13 години толку можеме. 150 милиони субвенции имало во времето на Коце, нафтата тогаш беше 25 денари, а минималната плата 9.000 денари. Управниот и надзорниот одбор имаат увид во секој потрошен денар. За се дискутираме ама ако вас не ве известуваат тоа не е мој проблем. ЈСП е формиран од советот на Град Скопје и должност ми е да ви одговорам на се. Вработувањата се намалени, а со тоа и трошоците. Три дена ако сакате ќе ви говорам за секој денар на ЈСП. Јас како директор имам нула денари слуѓбени патувања, за разлика од поранешните директори. Образ и чест треба да го поседувате како доблест“, рече директорот.

На ова Филип Јаневски член на советот на Град Скопје му порача дека е срамота што нема проблем со вашите чест и образ.

„Немате пари за нафта , а имате пари за службена кола. Не можете да одите со своја кола или со автобус, не се добри автобусите за вас? “, праша Јаневски.

Вонредната седница е во тек.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ