сабота, 27 јули 2024

Директорот на ЦИА разговарал со разузнавачи во Саудиска Арабија

Објавено на

часот

Сподели

Според Ројтерс, се верува дека улогата на Кина во склучувањето договор меѓу Саудиска Арабија и Иран била сигнал за намалување на влијанието на САД врз Саудиска Арабија, поради тензиите меѓу Вашингтон и Ријад за голем број прашања, вклучително и човековите права и намалување на производството на нафта во таа арапска земја.

„Директорот Барнс отпатува во Саудиска Арабија, каде што се сретна со колеги разузнавачи и со лидерите на земјата и разговараше со нив за прашања од заеднички интерес“, изјави неименуван американски функционер, кој не прецизираше кога точно се случила посетата.

Агенцијата потсетува дека САД и Саудиска Арабија тесно соработуваат со децении во борбата против тероризмот и други разузнавачки прашања.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ