сабота, 27 јули 2024

Директорот на ЦИА во Каиро претстави нов предлог за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас

Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Бил Брнс на преговорите за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас на состанокот одржан во Каиро претстави нов предлог, пишува Си-ен-ен повикувајќи се на неименуван извор запознаен со дискусиите.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Американскиот предлог вклучува ослободување на поголем број Палестинци од израелските затвори во замена за 40 израелски заложници кои ќе бидат ослободени во текот на првата фаза од договорот за прекин на огнот во три фази.

Друг извор, дипломат, рече дека американскиот предлог вклучува Израел да ослободи 900 палестински затвореници во првата фаза од договорот. Пред оваа рунда разговори, Си-ен-ен објави дека преговарачите разговарале за ослободување на околу 700 палестински затвореници, меѓу кои и многу со доживотни затворски казни.

Хамас се сретнал и со претставници на египетската разузнавачка служба во Каиро, соопштија египетските државни медиуми.

САД би сакале на Палестинците од северот на Газа, кои побегнале на југ поради војната, да им биде дозволено да се вратат во своите домови без ограничувања, рече изворот.

Досега, Израел ги отфрли барањата на Хамас за неограничено враќање на жителите на Газа на север и прераспределување на војниците на ИДФ подалеку од централна Газа. Израел инсистира на инспекции на Палестинците кои се движат на север, изјави за Си-ен-ен дипломат запознаен со разговорите.

На тие две трнливи точки, страните сè уште се „оддалечени“, рече дипломатот. „Не очекуваме решавање на овие прашања во следните неколку дена“.

Сите, наводно, потврдиле дека ќе го проучат новиот предлог на Вашингтон, кој ќе биде доставен и до раководството на Хамас во Газа кое ги носи одлуките за групата.

Со оглед на тешкотиите во комуникацијата со лидерите на Хамас за кои се верува дека се кријат во огромниот систем на подземни тунели во Газа, добивањето одговор може да потрае неколку дена.

Висок функционер на Хамас, кој зборуваше за Си-ен-ен, рече дека групата ќе се врати во Каиро „штом се укаже прилика“, но не можеше да постави цврста временска рамка кога тоа ќе се случи.

Официјалниот претставник додаде дека последните предлози презентирани од Израел за време на разговорите во Египет не го вклучувале неограниченото движење на Палестинците од југ кон север – клучно барање за групата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ