Бернс претходно во БиХ престојуваше како помошник на американскиот државен секретар во 2012 и во таа прилика, како што наведува босански Кликс, покажал особен интерес за политичката ситуација во земјата и работата на Високиот претставник на меѓународната заедница.
Според Кликс, Бернс исто така се заинтересирал за прашањата на државниот имот на БиХ и актуелните проблеми во врска со тоа прашање.
„На сите свои состаноци јасно кажав дека остануваме цврсто приврзани и дека пружаме поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на БиХ и Дејтонскиот мировен договор“, кажал тој при посетата на БиХ во 2012 година.