„Во врска со случајот со починатото новороденче во Клиничка болница Битола, информираме дека денеска Државниот санитарен и здравствен инспекторат врши вонреден инспекциски надзор. Комисијата е излезена на терен и во тек е надзорот за утврдување на текот на лекувањето на починатото новороденче.
Истовремено е формирана и комисија за стручен надзор, составена од двајца специјалисти гинеколози, неонатолог, анестезиолог, како и претставник од Министерството за здравство“, се вели во соопштението на министерството.
Инаку, вчера веднаш по веста за уште еден смртен случај во битолската болница дојде министерот за здравство Фатмир Меџити кој разговараше и со лекарите и со 24-годишната родилка чие бебе почина по два часа од породувањето.
Бременоста била редовна и без проблеми, па сега треба да се утврди дали при породувањето е дојдено до лекарска грешка.