сабота, 27 јули 2024

Директорката на Онкологија признава дека пациенти со часови чекаат за здравствена услуга

Дневната болница на Клиниката за онкологија не е затворена, напротив, работи со полна пареа, но точно е дека пациентите чекаат со часови. Терапиите се повеќечасовни во најголем дел од случаите, траат по пет и шест часа. Работиме со натчовечки напори, изјави денеска в.д. медицинскиот директор на Клиниката, Виолета Клисаровска.

Објавено на

часот

Сподели

„Ако зборуваме за дневната болница, во делот на медицинските сестри кои таму работат, најмалку треба да ги дуплираат по број. Одлив на кадар имаме постојано и сѐ повеќе од сестрите најавуваат дека ќе си одат, бидејќи ова станува неиздржливо. На цела работа, уште работат и под притисоци и под закани. Во слободни денови ги викаме од дома“, изјави за МИА, Клисаровска.

Клисаровска рече дека дисперзијата под итно треба да се случи. Таа кажа оти ги разбираат пациентите кои имаат мака, сакаат да дојдат и да бидат веднаш услужени, но, додаде дека здравствените работници не се во можност тоа да им го пружат, па мора да се чека.

Од Клиниката за онкологија велат и дека во дневната болница работат и бремени сестри, опслужува и сестра која е нивен пациент со малигна болест. За жал, како што велат, има нервозни пациенти, кои се туркаат и ги навредуваат здравствените работници на клиниката. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ