сабота, 27 јули 2024
Прес на Николиќ Мазнева

Директорката и вработени во ЈП Комунална хигиена-Скопје добивале закани по живот

Објавено на

часот

Сподели

„Нема да дозволам другите вработени да бидат жртви на уцени на ова добро познато подземје. Комуналан хигиена не е политичка партија ниту е приватна фирма, туку јавно претпријатие и нема да дозволам политички центар да ја контролира работата. Овие лица кои ја блокираат работата не се членови на синдикатот, ниту се вработени. Незадоволството е затоа што донесов одлука за сменско работење и сите вработени треба да ротираат во три смени. Тоа е спротивно на праксата која била со години само одредени лица да работат во трета смета и да добиваат бенефиции за тоа. Најголем дел од нив не се појавувале на работа и не ги извршувале своите обврски. Затоа што ставив крај на таквата пракса овие лица сега организираат блокада, а имаат други работни места и бизниси“, рече Мазнева.

Според неа, оваа група им се заканувала на останатите вработени да не излегуваат и да работат, и како што рече, затоа во среде лето не се собира ѓубрето и се загрозува здравјето на граѓаните на Скопје.

Мазнева на прес-конференцијата информира дека на вработените во Комунална хигиена им биле зголемени платите во март за 864 денари. Таа истакна дека договорите за работа не им се продолжени на оние кои воопшто не се појавувале на работното место.

Инаку, дел од вработените во Комунална хигена Скопје неколку дена бараат средба со директорката барајќи повисоки плати, исплата на К-15 и бенфициран стаж.

Претходно денеска претпријатието соопшти дека неговата еко-патрола спроведува секојдневни дежурства на локациите каде што е констатирано континуирано непрописно одлагање отпад на јавни површини.

Во текот на месец јуни, со континуирани дежурства се покриваа десетина локации во општините Ѓорче Петров и Чаир, додека неделава беа реализирани дежурства и во скопските општини Гази Баба, Аеродром, Центар и Карпош. Во текот на минатиот месец се изготвени вкупно 51 информативно-едукативни записници за лица коишто се затекнати при неправилно одлагање одпад, соопштија од Комунална хигиена.

„Според Оперативната програма за собирање и транспортирање на комуналниот отпад, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје ги празнат контејнерите поставени на територијата на градот Скопје еднаш во текот на денот, седум дена во неделата. Но и покрај фактот дека отпадот положен во садовите се подигнува и транспортира секој ден, повторно сме соочени со масовно одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини. Преку дежурствата на нашата Еко-патрола се обидуваме максимално да ја
превенираме појавата на диви депонии, но би сакала да истакнам дека ЈП Комунална хигиена-Скопје нема надлежност да ги казнува прекршителите на Законот за јавна чистота, туку истите само да ги информира и едуцира. Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје се задолжени да го соберат и да го транспортираат отпадот одложен во садовите, но дали локациите ќе
останат чисти и по заминувањето на нашите екипи, во најголема мера зависи од постапките на самите граѓани“, изјави денеска претходно директорката на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Косана Николиќ Мазнева.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ