сабота, 19 октомври 2024
Им ги поткопувале преговорите за ангажман на Англичанецот

Директорите на Манчестер јунајтед бесни, раководството на Челси намерно протекувало детали

Објавено на

часот

Сподели

„Ѓаволите“ се обидуваат да го ангажираат Мејсон Маунт, се верува дека веќе се имаат договорено со Англичанецот, но никако да си подадат рака со Челси.

Манчестер јунајтед испрати три понуди, последната 50+5 милиони евра, но „сините“ бараат повеќе пари и не отстапуваат од својот цврст став.

Последните информации велат дека на Олд Трафорд се бесни од однесувањето на Челси, директорите на Манчестер јунајтед сметаат дека нивните колеги од Стемфорд Бриџ намерно претекуваат детали во медиумите.

На „ѓаволите“ не им се допаѓа тоа што јавноста е запознаена со тоа како течат преговорите и сметаат дека на тој начин „сините“ им ги поткопуваат обидите за ангажман на Мејсон Маунт.

Се верува дека за трансфер на Мејсон Маунт се потребни 58+7 милиони фунти, останува да се види дали Манчестер јунајтед ќе се реши да одвои ваква сума.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ