Како да се решат проблемите со големите долгови во јавните здравствени установи, како да се консолидираат, пред сѐ финансиски и како да се подобри работењето на јавните здравствени установи, беше тема на разговорот.

„Генералните директори на Фондот ги информираа директорите на ЈЗУ дека веќе се преземаат мерки за финансиска консолидација на јавните здравствени установи и дека се планирани одредени средства во ребалансот на Буџетот наменети за јавните здравствени установи, клиниките и болниците. Побаравме од директорите да направат финансиски пресеци, ревизии и финансиски контроли онаму каде што е потребно, како и да се ревидираат договорните буџети и проекции до крајот на годината.

На состанокот беше констатирано дека долговите во првото полугодие се зголемени за 20 проценти поради лошо планираните буџети или недомаќинско работење.

На средбата се донесе едногласен заклучок дека со заедничка заложба, подобра контрола на средствата, како и со домаќинско работење, ќе постигнеме навремени и подобри здравствени услуги за пациентите. Побаравме од директорите навремено и аргументирано планирање на буџетите за следната година. Ние како Фонд за време на овој процес ќе дадеме целосна поддршка на директорите, со цел обезбедување поефикасна и подобра здравствена услуга“, соопшти Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија.