сабота, 27 јули 2024

Директор во Стејт департментот поднесе оставка поради испраќањето оружје во Израел

Директор во американскиот Стејт департмент кој работел во агенцијата одговорна за пренос на оружје на американските сојузници поднесе оставка. Џош Пол како причина го наведе несогласувањето со одлуките на администрацијата на Бајден да го забрза трансферот на оружје во Израел.

Објавено на

часот

Сподели

Пол, кој бил директор во Канцеларијата за политичко-воени прашања на Стејт департментот, објави на Линкдин: „Не можам да работам на поддршката на низа големи политички одлуки, вклучително забрзаното испраќање повеќе оружје на едната страна од конфликтот, за што верувам дека е кратковидо, деструктивно, неправедно и контрадикторно на самите вредности што ние јавно ги застапуваме“.

Пол рече дека иако признава дека нападот на Хамас врз Израел бил ужасен, тој исто така верува дека одговорот на Израел „само ќе доведе до поголемо и подлабоко страдање“ и за Израелците и за Палестинците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ