сабота, 27 јули 2024

Дипломатите од македонската амбасада во Норвешка си ја поправија грешката

На македонските дипломати во Норвешка требаше некој да им напише, јавно да објави дека не смеат да ја употребуваат придавката северномакедонски. За ова имаат и упатство во македонското Министерство за надворешни работи. 

Објавено на

часот

Сподели

Вчера објавивме дека во информацијата објавена на официјалната фејсбук-страница на македонската амбасада во Норвешка, за одржаниот прием по повод 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи во една реченица пишува „…пијалоците од северномакедонските винарии…“. Потсетивме на обврските на нашите дипломати секаде и во секоја пригода да реагираат на секоја ваква несоодветна употреба на придавката „северномакедонски“. Во случајов тие самите тоа го направија.

По објавата на МКД.мк, од вчера на официјалната фејсбук-страница веќе не пишува „северномакедонските винарии“, туку  „македонските винарии“.

Освен оваа поправка, нема друга информација од МНР за евентуална казна, опомена…

А.Д.  

Пред…

х

  и потоа…

п

 

 

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ