недела, 20 октомври 2024
„Модрите“ сметаат дека грчката полиција и АЕК сносат одговорност за трагичниот инцидент

Динамо жестоко му одговори на АЕК: Сакате со човечка трагедија да профитирате!

Објавено на

часот

Сподели

Наместо фудбалски спектакл, натпреварот помеѓу АЕК и Динамо Загреб донесе трагичен инцидент, грчки навивач беше убиен во пресметка на хулигани низ улиците во Атина.

АЕК утрово побара остра казна за Динамо Загреб, односно „модрите“ да бидат исфрлени од Европа.

Шампионот на Хрватска попладнево жестоко одговори, порача дека тие сториле се што е во нивна надлежност и за инцидентот одговорност треба да сносат грчката полиција и АЕК. Динамо Загреб исто така изрази жалење што противникот сака со човечка трагедија да профитира.

„ГНК Динамо во повеќе наврати јасно, недвосмислено, јавно и жесто ги осуди нередите кои за жал имаа смртни последици. Насилството нема место во цивилизираното општество и ние секогаш ќе се бориме за вистинските вредности што ги промовира нашиот клуб, и искрено сакаме да верувам дека слични ставови споделува и нашиот ривал АЕК. Жалиме што АЕК бега од одговорност, крева тензија и што во официјалните соопштенија користи несоодветен, агресивен и провоцирачки речник со цел да изврши притисок врз УЕФА.  Оособено е несфатливо тоа што без никакво двоумење се обидува да искористи човечка трагедија за сопствена промоција и резултат, ова само покажува отсуство на елементарна пристојност, емпатија и почит кон жртвата. Ваквиот пристап го сметаме за несоодветен, особено затоа што на сите, освен на претставниците на АЕК, им е јасно дека ГНК Динамо направи се што е во негова моќ да не дојде до оваа ситуација. За сите настани во Грција, најголема одговорност сносат организаторите, односно грчката полиција и АЕК како клуб домаќин“ – се вели во дел од соопштението на Динамо Загреб.

Во моментов од УЕФА нема никакви сигнали за исфрлање на Динамо од Европа, планот е првиот натпревар да се игра во Загреб на 15. август, а реваншот три дена подоцна во Атина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ