недела, 20 октомври 2024
„Модрите“ чекаат убава исплата

Динамо Загреб трие раце по веста дека е договорен трансфер на Дани Олмо во Барселона

Динамо Загреб ќе се израдува на информациите кои велат дека Барселона и РБ Лајпциг постигнале договор за трансфер на Дани Олмо, „модрите“ ќе добијат процент од оваа зделка.

Објавено на

часот

Сподели

Спортскиот директор на Барселона, Деко синоќа пристигна во Германија во финална офанзива по потписот на Дани Олмо и попладнево беше објавено дека паднал договор за трансфер на Шпанецот вреден 55 милиони евра, плус додатни 7 милиони евра во бонуси.

На ваквите информаци ќе се израдуваат и во Динамо Загреб, на популарните „модри“ им следи процент од оваа зделка.

Се шпекулира дека Динамо треба да добие 20% од профитот кој ќе го направат „биковите“ или во случајов, профит од нешто над 30 милиони евра, па тоа значи дека над 6 милиони евра ќе се слеат во касата на клубот од Загреб.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ