сабота, 27 јули 2024

Динамо Загреб со тежок пораз и елиминација се враќа од Солун

Стефан Ристовски и Динамо Загреб го завршија настапот во Европа иако имаа солидна предност по првиот меч, ПАОК победи со 5-1 и се пласира во четвртфиналето од Конференциската лига.

Објавено на

часот

Сподели

Динамо Загреб имаше предност од 2-0 и со голем оптимизам отиде во Грција на гостувањето кај Солун, но работите не се одвиваа најдобро за нив.

ПАОК рано ја анулираше негативата од Загреб, а по првото полувреме веќе водеше со 3-0. Баба донесе водство, Сучиќ си постигна автогол, а Томас зголеми на 3-0.

По само четири минути игра во вториот дел Динамо Загреб се врати, Хоџа даде гол за 3-1, конечниот резултат во тој момент беше изедначен.

Но, Кулиеракис во 73. минута даде гол за 4-1, а Живковиќ во 88. минута од пенал ги постави конечните 5-1.

Фиорентина одигра на домешен терен 1-1 против Макаби Хаифа, но благодарение на гостинскиот триумф од 4-3 оди понатаму.

Фенербахче дома загуби од Ројал Унион со 1-0, но претходно на гости славеше со 3-0.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ