сабота, 27 јули 2024

Димовски: Свесни бевме дека ќе имаме криза, но издржавме!

Објавено на

часот

Сподели

„Колку само лошо изгледаа овие два дена по поразот од Данска. Сега, им честитам на сите, најмногу на нас, на моите колеги. Секој паметен знаеше дека денеска не чека меч што многу ни значи. Ако се предадевме ќе беше жално. Но, одигравме две супер полувремиња, свесни бевме дека ќе имаме криза, зашто не може да дадеме 40 гола на еден меч. По 18 гола во првиот дел, знаевме дека ќе биде тешко тоа да се повтори. Но, Борко одбрани како што треба, успеавме да бидеме зрели во одбраната и во нападот во моментите кога имавме криза, нешто што не ни се случи со Данска. Издржавме голем притисок, ќе беше трагедија ако се повтореше пак нешто лошо. Им благодарам на лугето што дојдоа пак во голем број, се надеам дека ќе се поклопи некој резултат денеска, за да се надеваме на пласман во полуфинале.“, изјави Димовски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ