сабота, 27 јули 2024

Димоски: Сме се носеле со Англија и Италија, можеме и со Чешка

Македонските фудбалери денеска отпатуваа за Чешка каде што во понеделник ќе го играат вториот пријателски натпревар во овој јунски прозорец.

Објавено на

часот

Сподели

Против Хрватска пред пет дена одигравме бледо и сега потребно е фудбалерите да го подобрат впечатокот бидејќи ова е последен тест пред септемврските натпревари од новото издание во Лигата на Нации.

Репрезентативецот Бојан Димоски порача дека Македонија мора да го анализира добро противникот и да ги поправи тактичката дисциплина со цел за позитивен резултат.

„Мора да ја поправиме тактичката дисциплина, да ги тргнеме недостатоците кои ги имавме од последниот меч. Кога играте против вакви репрезентации, нема простор за грешки. Чешка е добро анализирана, претстојниот меч е последна контрола за ЕП, ќе влезат во мечот како да се веќе на турнирот“, вели Димоски.

„За нас ова е последен тест пред Лигата на нации, во минатото покажавме дека можеме да се носиме со силни репрезентации како Англија и Италија, верувам дека можеме да се носиме и со Чешка. Се работи за доста физички и тркачки подготвен тим, но и ние имаме добри страни и се надевам дека ќе ги искористиме за добар резултат“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ