Одговорно тврдам, нагласи вечерва Димитровска, дека одлуката е издржана согласно факти. Комисијата ценела дека немало основи за прифаќање на барањето зашто, како што рече, Универзитетот не е предмет на постапка, туку именувањето на директорот на АНБ.
Одговорноста за ваквата одлука, посочи Димитровска, е на членовите на Комисијата, зашто сите одлуки во Комисијата се носат колективно, со мнозинство на гласови.
„Во овој случај, со дипломата издадена од факултетот, ДКСК нема надлежност да ја провери. Би сакала да напоменам дека во досегашната работа на Комисијата донесени се голем број одлуки, кои се повикуваат на заклучоци кои се составен дел од записникот на инспекциските служби. Не е ова прва одлука на која Комисијата се потпира на констатираните состојби во записникот на инспекциските служби“, изјави Димитровска.