сабота, 27 јули 2024

Димитров: Ќе покренеме иницијатива за закон за изградба на Чебрен со домашни сили

Здружението на инженери ќе покрене иницијатива да се донесе закон со којшто ќе почне да се гради Чебрен со македонски сили, најави вечерва Константин Димитров, кој е дел од ова Здружение.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Димитров за Сител изјави дека Македонија има капацитет сама да ја изгради ХЕЦ Чебрен и дека ова е проект којшто треба да го обедини општеството.

„Да се донесе закон за изградба на Чебрен, Галиште, Скочивир односно да се реши интегрално програмата со сливовите на реките каде Црна река е дел од Вардарската долина. Да се направи закон којшто не може да се менува без разлика која влада и да дојде. Однапред да се дефинираат средства коишто не се големи“, рече Димитров.

Здружението на инженери во изминатиот период реагираше до надлежните институции во врска со тендерот за изградба на Чебрен. Изразија сомневање дека се направени суштински, правни, економски и стручно-научни недостатоци во постапката при подготовка и реализација на тендерот за доделување концесија за користење вода за производство на струја со изградба на хидроелектраните на Црна Река.

Четиринаесетиот тендер за изградба на Чебрен пропадна. Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова денеска информираше дека грчката ПЦЦ Архиродон ја нема продолжено банкарската гаранција.

„Заклучно со 31 декември не пристигна продолжувањето на банкарската гаранција од страна на избраниот понудувач на тендерот за изградба на Чебрен и со самото тоа веќе не е активна понудата на ППЦ-Архиродон. Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) ќе ја извести Владата дека тендерот пропадна“, изјави денеска Шукова на прес-конференција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ