Пасхос е магистер по меѓународни финансии кој одлично ја познава компанијата и состојбите на домашниот и глобалните енергетски пазари, со оглед на тоа што до неговото назначување на новата функција тој ја извршуваше должноста директор на финансии и администрација на ОКТА, на која беше назначен во јули 2019 година. До именување на нов директор на финансии и администрација, Пасхос ќе продолжи да ја извршува и оваа функција.
Од почетокот на 2020 година, пак, Радовиќ ја извршуваше функцијата главен извршен директор на ОКТА.
Дополнително, Одборот на директори избра тројца вршители на должноста членови на Одборот на директори и тоа Дионисиос Роутсис, неизвршен член на Одборот на директори, Димитриос Пасхос, извршен член на Одборот на директори и главен извршен директор и Тхеодора Петроула, неизвршен и независен член на Одборот на директори.
Како што посочуваат од компаниајта, одлуките стапуваат на сила на 24 јули.