сабота, 27 јули 2024

Димитријевиќ: Почувствував силен грч, разочаран сум што морав да прекинам

Најдобриот кошаркар на Македонија, Ненад Димитријевиќ жали што предвреме го заврши натпреварот со Естонија, но верува дека загубеното можеме да го наполниме во следните дуели.

Објавено на

часот

Сподели

Македонија вчера загуби од Естонија во Скопје, меч кој на крајот може да се покаже како клучен за конечниот исход на табелата.

Димитријевиќ беше наш најдобар кошаркар, постигна 25 минути, но на почетокот од последниот период се повреди и предвреме го заврши дуелот, можеби ќе беше поинаку ако останеше во игра.

„Силен грч, прв пат ми се случува оваа сезона. Разочаран сум што мораше да ми се случи токму денеска. Искрено сум разочаран за она што се случи“, рече Димитријевиќ по мечот.

Тој верува дека Македонија може до подобри резултати во идните натпревари.

„Тежок натпревар, знаевме дека ќе играме со квалитетна естонска селекција. Ги знаевме нивните квалитети, одигравме одлично прво полувреме, но потоа загубивме сила во второто полувреме. Имаме и втор меч, имаме и уште други натпревари против Полска и Литванија така што ќе продолжиме со натпреварување. Сигурно нема да се откажеме. Создадовме добра енергија, квалитетно работевме во овој период, креиравме одлина хемијаа во тимот, и тоа ни дава верба дека можеме да играме на високо ниво и на следните натпревари“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ