недела, 19 мај 2024

Димитријевиќ е пред преселба во Олимпија Милано, ќе игра во Евролигата

Од Италија стигнуваат информации дека најдобриот македонски кошаркар, Ненад Димитријевиќ ќе потпише за евролигашот Олимпија Милано.

Објавено на

часот

Сподели

Димитријевиќ оваа сезона ја игра во фантастична форма, беше прогласен и за најдобар играч во регуларниот дел од сезоната во силната ВТБ лига.

Италијанските медиуми пишуваат дека тој со сигурност ќе биде нов играч на Олимпија Милано, ќе потпише тригодишен договор со овој клуб.

Тоа ќе биде чекор напред во кариерата на Димитријевиќ кој со овој трансфер ќе настапува во најдобрата европска лига, Евролигата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ