петок, 18 октомври 2024

Димитријевиќ: Целта ни е две победи во Естонија и пласман во Полска

Објавено на

часот

Сподели

Македонските кошаркари се подготвуваат за турнирот во Талин, Естонија кој ќе се игра од 12. до 15. август. Покрај ние и домаќинот, учествуваат и селекциите на Чешка и Израел.

Доколку бидеме една од првите две екипи, одиме во втората рунда која се игра во Гљивице, Полска.

„Ги знаеме нивните квалитети, знаеме дека ќе играме против сериозни репрезентации. Со Естонија игравме во квалификациите за Европското првенство пред две години. Тоа е силна репрезентација, а ние се спремаме најдобро што можеме. Да пробаме да преминеме во следната рунда од натпреварите“, вели Нено Димитријевиќ.

„Целта е да запишеме две победи и да одиме во Полска. За тоа и се подготвуваме. Но ќе одиме од натпревар до натпревар. Мислам дека така е најпаметно да гледаме на работите. Потоа ќе се сконцентрираме на она што следува“.

Како дел од подготовките за турнирот во Талин, Македонија престојниот викенд ќе одигра два меча со Полска во Белград.

„Натпреварите со Полска се предвидени токму за тоа, да се подготвиме за тоа што следува, за турнирот во Талин. И се надевам дека ќе бидеме подготвени за оној прв натпревар таму во Естонија“.
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ