Димитриевски информира дека вечерва во Гевгелија е формирано граѓанското здружение За посветла иднина, а на средбата со иницијативниот одбор за претседател е избран Ангел Купанов.
„Граѓанското движење се шири низ цела Македонија, граѓаните се обединуваат и го препознаваат граѓанскиот концепт на вредности! Продолжуваме и во останатите градови во државата, во септември формираме граѓанско здружение и во Скопје“, рече Димитриевски.