сабота, 27 јули 2024

Димитриевски: Уставните промени за употребата на јазиците се неприфатливи

За да биде претседателот реален заштитник на граѓаните и нивните интереси мора да излезе од граѓаните. Во спротивно е послушник на оној политички субјект кој го кандидира, рече Максим Димитриевски, кандидатот за претседател на Македонија од  движење ЗНАМ – За наша Македонија за време на посетата на полошкиот регион.

Објавено на

часот

Сподели

Зборувајќи за состојбите во државата, Димитриевски во Јегуновце рече:

„За мене уставните предлози за уставните измени во делот на менување на процентите за употреба на јазиците и дополнително уставни измени за трансформација на Македонија во држава којашто ќе биде на граѓаните, а не на македонскиот народ и на останатите етнички заедници, е неприфатлива. Затоа што со тој предлог некој свесно сака да не втурне во процес кој се нарекува, на долгорочен план, редефинирање на суштината на државата и редефинирање на државното уредување. Македонија единстено е Република и таква мора да остане. Уште од Крушево, преку АСНОМ, тоа со печат и потпис на нашите револуционери е потврдено“.

„Значи, во Македонија не се случува албанизација. Во Македонија се случува класична ДУИ-зација. Тие во текот на 20 години непрекинато се на власт, додека останатите политички субјекти се менуваат и ним им служат. За жал, Македонија се трансформираше во приватна држава. Тоа може да се смени по пат на избори. Македонскиот народ и македонските граѓани мора да се одважат, како што вие се одваживте денеска и излеговте во нескромен број на овој собир и да им кажеме дека е доста“.

Димитриевски на крајот порача:

„Кога сте еден, сте сам. Кога сте двајца, тоа е веќе множина. Само по пат на математичка прогресија е до мнозинството. А ние тоа ќе го направиме на овие избори“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ