петок, 20 септември 2024
Градоначалникот реагира

Димитриевски: Семафорот во кумановката спортска сала не е поскап од тие во Скопје

По вчерашното тврдење на Левица дека градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски одобрил набавка на семафор за спортската сала во градот во вредност од 10 милиони денари и дека е поскап од тие што се користат во салите на НБА-тимовите во САД, Димитриевски денеска реагира дека станува збор за шпекулации. Тој семафор е таков каков што се користи и во  „Борис Трајковски“ и во салата на МЗТ, рече Димитриевски и додаде дека цената е десеткратно пониска.

Објавено на

часот

Сподели

Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски денеска ги квалификуваше како шпекулации наводите дека набавениот семафор за спортската сала чини над десет милиони денари, укажувајќи дека сумата се однесува целокупната опрема, додека за семафорот одвоени се 950.000 денари. Тој кажа дека општината потрошила само 2 милиони евра од вкупно предвидените 6,5 милиони евра според проценките на фирмата која го правела предлог проектот за реконструкција на спортската сала.

„Семафорот којшто ќе се вгради во нашата спортска сала којшто емитува резултат со сите услуги чини 950 илјади денари, мултимедијалниот честворостран семафор којшто веќе е вграден и инсталиран со придружна опрема чини 10,5 милиони денари. Еве оставам на вас новинарите, ист таков има во салата Борис Трајковски во Скопје, потоа во салата во Аеродром, проверете колку истиот таму чини. Според мои информации најмалку два до три пати поскапо од цената за којашто за овој семафор ако истиот е согласно сите ФИБА стандарди со комплетна пропратна опрема на семафорот, инсталирана платформа со тежина од приближно два тона со пристапни скали со анализи на статика на објектот и верувам дека сериозните медиуми нема да потпаднат на вакви шпекулации“, рече Димитриевски.

Тој нагласи дека првичниот проект за реконструкција предвидел 6 милиони евра, а дека општината досега за реконструкција на салата потрошила два милиони евра.

„Направивме проект го работеше реномирана фирма Геинг од Скопје за реконструкција. Цените за комплетна реконструкција согласно предлог пресметките од 2018 година се некаде над 6,5 милион евра до денеска општината има потрошено помалку од 2 милиони евра и над 80 проценти веќе е завршена работата оставам на јавноста да процени дали има простор за каква било манипулации“, изјави Димитриевски.

Тој рече дека општината работи на два капитални проекти, реконструкција на спортската сала која изминативе децении беше уништена и како што рече распродавана и на реконструкција на малиот градски плоштад.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ