петок, 26 јули 2024

Димитриевски: Пресметката против Црна Гора за мене е посебен меч

Голманот на Македонија, Столе Димитриевски вели дека пресметката против Црна Гора за него е посебен меч, дебитирал во дресот на репрезентацијата токму против овој противник.

Објавено на

часот

Сподели

Македонија утре во 18 часот ќе се сретне против Црна Гора на вториот контролен натпревар во Анталија.

„За мене ова е посебен меч, бидејќи моето деби во репрезентацијата беше во победата над Црна Гора од 3-1 во Скопје“ – вели Столе Димитриевски.

„Концентрацијата и фокусот во завршнцата од натпреварите мора да ни биде на повисоко ниво затоа што често примаме голови во последните 15-20 минути.

„Мораме да бидеме посконцентрирани и пофокусирани за да стигнеме до победа. Креираме шанси за гол, но треба и да ги реализираме“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ