Ханси Флик дебитираше со победа на клупата на Барселона, вечерва „каталонците“ со три бода си заминаа од незгодното гостување на Местаља.
Домаќините поведоа во 44. минута, Дуро одлично се снајде и со глава го матираше Тер Штеген за 1-0.
Сепак, водството на Валенсија кратко траеше, во 45+5, Роберт Левандовски изедначи на 1-1 на асистенција на Јамал.
По неколку минути игра во вториот дел, Барселона доби пенал а Роберт Левандовски беше прецизен од белата точка за 1-2.
До крајот на натпреварот имаше многу борба и неколку добри шанси, но мрежите мируваа.
Нашиот Столе Димитриевски остана на клупата, шанса помеѓу стативите од првата минута доби Мамардашвили.
Why did Lewandowski change his PK run up? pic.twitter.com/FdFQUdKQoc
— Cjay (@Cee_jayking) August 17, 2024