сабота, 27 април 2024

Димитриевски: Не сум потпишал за Валенсија, сакам да останам во Рајо

Македонскиот голман, Столе Димитриевски ги негира гласините дека од следната сезона ќе брани за Валенсија, вели дека уште нема потпишано за никого.

Објавено на

часот

Сподели

Актуелниот договор на Димитриевски со Рајо Ваљекано истекува по крајот на оваа сезона, па чести се шпекулациите кои го поврзуваа со заминување.

Последно беше дека се договорил со Валенсија, но тој сега негира дека тоа е така. Негов приоритет е да остане во Рајо Ваљекано.

„Не се вистина шпекулациите дека сум се договорил со Валенсија. Во изминатите години имаше многу шпекулации за мојата иднина. Сè уште водиме преговори, сакам да останам, но ќе видиме што ќе се случи. Не сум потпишал со никого“, кажа Димитриевски за „Марка“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ