сабота, 19 октомври 2024
Ла Лига

Димитриевски не прими гол и во второто коло, Рајо победи кај Гранада (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Заврши и второто коло од Ла Лига, а нашиот Димитриевски уште нема примено гол. Овојпат даде допринос за нови три бода на неговиот тим на гостински терен кај Гранада.

Резултатот беше отворен дури во 75. минута кога Гарсија по асистенција на Лопез даде гол за водство на Рајо од 1-0.

Само четири минути подоцна Сис со својот прв допир со топката откако влезе во игра, ги постави конечните 2-0.

Рајо Ваљекано заедно со Реал Мадрид и Валенсија се единствените три екипи кои имаат по две победи по првите две кола во Ла Лига.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ