понеделник, 24 јуни 2024
Реакција на кумановскиот градоначалник

Димитриевски: МТСП настојува нивниот партиски директор повторно да биде избран иако нема право на реизбор

Објавено на

часот

Сподели

Во пишаната рекација градоначалникот Димитриевски вели:

„Историјата се повторува. Пред неполни четири години на Општина Куманово под неразјаснети околности ѝ беа одземени ингеренции врз градинката Ангел Шајче – Куманово, при што Министерството за труд и социјална политика во тогаш нетранспарентна и недемократска постапка ја реизбра актуелната директорка на оваа институција, спротивно на статутот на институцијата, со што и овозможи да менаџира со оваа установа 20-тина години.

Повторно пред 2 месеци, ова Министерство преку ресорната министерка Јованка Тренчевска изврши одземање на надлежностите на Општина Куманово за избор на директор на детската градинка врз база на неоснована и тенденциозна постапка. Тоа се потврди со тоа што експресно од страна на Министерството беше поништено решението за одземање на надлежностите и истите ни беа вратени веднаш по нашата рекација.

Сакам да ја информирам јавноста дека во продолжување на постапката за именување на директор на ЈОУ Ангел Шајче, Општина Куманово има постапено согласно своите законски надлежности, но сепак од Министерството добива второ Укажување на определени материјални и процедурални недостатоци во работата, коешто е неосновано, тенденциозно, и истото не наведува да постапиме спротивно на законот и статутот на установата, и тоа повторно замислете во нереален рок од вкупно еден ден.

Имено, по првиот доставен предлог за избор на кандидат за директор на Детска градинка Ангел Шајче – Куманово од страна на Управниот одбор, јас како градоначалник во законски предвидениот рок испратив известување со кое го известив Управниот одбор дека предложениот кандидат не ги исполнува условите за избор на директор на оваа јавна установа.

Ако се земе предвид дека предложениот кандидат 20 години е директор на установата последоваделно, согласно член 37 од Статутот на установата нема право на повторен избор пред истек на четири години од неговиот последен избор.

Воедно, од моја страна како градоначалник на Општина Куманово им е укажано на членовите на Управниот одбор со допис дека умисленото и свесното постапување спротивно на законите и Статутот го исполнуваат битието на кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластување.

И покрај тоа, до мене како градоначалник е доставен по втор пат предлог за избор на кандидат за директор со кој повторно се предложува истиот кандидат кој не ги исполнува условите за избор на директор согласно највисокиот акт на  оваа установа – Статутот, а за кој членовите имаат донесено Одлука за изменување на Статутот на истата седница, со која се брише членот 37 став 3 од Статутот на установата, а одлуката ја немаат доставено до Советот на Општина Куманово за добивање согласност, заради што истата не предизвикува правно дејство.

Од страна на Општина Куманово е покрената соодветна кривична пријава против членовите на Управен одбор и за истите ќе се водат соодветни постапки пред надлежни органи. Јас како градоначалник на Општина Куманово согласно своите надлежности за запазување на законитоста на постапката и должноста за пријавување на сторени кривични дела не го прифатив предлогот за што го известив Управниот одбор, т.е у0становата и донесов Решение за именување на вршител на должност директор на ЈОУДГ Ангел Шајче – Куманово, кој согласно закон функцијата ќе ја извршува од 1 јуни 2023 година до именување на нов директор, т.е избор на нов директор и тоа најмногу во рок од 6 месеци од денот на неговото именување.

Очигледно е дека со овие постапувања МТСП се обидува со неоснована постапка да изврши притисок врз локалната самоуправа за да се наметне решение за директор евентуално избрано по партиски клуч, односно да се овозможи на таканаречените ‘вечни директори’ да продолжат да менаџираат со институциите на локално ниво, штитејќи ги партиските интереси наспорти општите граѓански интерес.

Актуелниот директор е директор на институцијата цели 20 години, а на истиот по сила на закон по основ на пензионирање му престанува работниот однос за неполни 2 години, со што не е во можност да ја реализира и понудената четири годишна програма за работа на оваа установа.

Евидентно е дека ваквото тенденциозно постапување од ресорните министерства во делот на одземање на надлежностите на локалната самоуправа се зачестена појава во државата во повеќе градови во последниот период и јасно укажува дека државниот апарат се повеќе се користи за остварување на партиските и политички цели“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ