сабота, 27 јули 2024

Димитриевски: Мора да се најде начин да се модифицира Францускиот предлог

Да се формира меѓународен тим во кој ќе има претставници на Европската Унија (ЕУ), кој ќе работи на прилагодување на рамката на Францускиот предлог, односно според потребите на општеството во Македонија што би значело приближување на процесот напред, бидејќи како што стојат работите Македонија стои во место. рече претседателскиот кандидат на ЗНАМ, Максим Димитриевски, во денешното обраќање во Валандово.

 

Објавено на

часот

Сподели

Димитриевски смета дека мора да се изнајде начин и модел со којшто ќе се модифицира преговарачката рамка за да се приближи процесот на евроинтеграции и преговори напред и конечно да почнат преговорите со ЕУ за полноправно членство на Македонија во Унијата.

Додаде дека ќе се залага да се обезбеди 13 пензија во форма на субвенција за сите пензионери, а парите за тоа би ги обезбедиле од нереализираните средства од капиталните инвестиции кои остануваат на крајот на годината.

Тој најави дека една од неговите први активности ќе биде измена на посточкиот Кривичен законик со кој се амнестираа голем број политичари во државата, како и претходни политичари, бидејќи законот треба да важи подеднакво за сите, а тој, како што рече, не отстапил од слоганот „Нема правда, нема мир“ и тој сѐ уште важел за него.

Инаку, во рамките на денешните активности Димитриевски ќе има средби со граѓани и во Дојран, Богданци и Гевгелија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ