сабота, 27 јули 2024
Парламентарни избори 2024

Димитриевски: Граѓаните да се придружат во борбата за менување на власта која се однароди од народот

Караванот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денеска по Охрид и Ресен, беше и во Битола. Претседателот на Движењето, Максим Димитриевски, носителката на листата за кандидати за пратеници во изборната единица 5, Весна Бендевска, како и другите кандидати имаа повеќе средби со граѓаните, соопштија од ЗНАМ.

Објавено на

часот

Сподели

Во изјавата за медиумите, Димитриевски рече дека ЗНАМ се
формирал како политички субјект заедно со граѓаните и се афирмира како
нова  политичка сила во Македонија.

„Нашата цел е да работиме согласно програмските определби, од граѓаните, заедно со граѓаните и за  граѓанитеГи повикувам заедно да работиме на менување на оваа владеачка структура којашто се однароди, не само од сопственото членство, туку и од народот. Истите тие кои се претставуваат дека се наводно потомци на АСНОМ-ци, а
всушност ги избришаа  АСНОМ-ските постулати од Уставот на Македонија“,потенцира  Димитриевски и ги повика сите да се придружат за да ја водат „оваа борба заедно до крај“.

Носителката на листата за изборната единица 5,  Весна Бендевска потенцира дека ЗНАМ добива се поголема и помасовна поддршка во очи на парламентарните избори
на осми мај.

„Сега сите знаеме дека сме на вистинската страна“, рече Бендевска и ги
повика граѓаните да го заокружат бројот седум, затоа што Движењето ЗНАМ
знае како заедно со граѓаните да ја подигне Македонија на нозе и да ја
води државата достоинствено и чесно.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ