сабота, 27 јули 2024
Обраќање на кандидатот за претседател

Димитриевски: Едните да доаѓаат, другите да си одат без одговорност, ќе прекине таа пракса

„Мора да има баланс во општеството. Мора да има баланс во политиката, во спротивно ќе ни се случува тоа што се случува во континуитет 30 години. Едните доаѓаат, другите си заминуваат и така цело време во круг, никому ништо не фали, единствено граѓанинот обичен крај со крај едвај истерува“, рече во лидерот на Движење ЗНАМ – за наша Македонија и кандидат за претседател на државата, Максим Диитриевски на отворањето на простории на новата општинска организација во Гевгелија, каде тој застана заедно со правнуката на војводата Гоце Делчев, Корнелија Дуганова Јованова, која е член на Движењето ЗНАМ.

Објавено на

часот

Сподели

„Се раѓа едно движење коешто всушност е формирано за граѓаните. До вчера граѓаните велеа сите се исти. Мора да потенцирам дека ние не сме исти. Нас не нѐ спојува ниту материјален, ниту финансиски, ниту каков било друг интерес. Нас нѐ спојува само единствениот интерес, а тоа е наша Македонија. Бидејќи, ако продолжи оваа тортура којашто се случува во моментов и од едната и од другата страна, за жал ќе ни остане Македонија само на хартија, а нивните џебови дополнително полни. Затоа обичниот човек мора да се одважи на следните избори и масовно да излезе и да даде поддршка не само на ЗНАМ, туку на сите нови политички субјекти“, потенцира Диитриевски.

„Мојата цел е Македонија да биде управувана од владата, но контролирана од претседателот. Мојот долг како претседател, ќе биде долг единствено кон обичниот граѓанин и кон сите оние коишто застанале зад мојата кандидатура“, додаде тој.

„Нашата обврска е власта преку ЗНАМ да ја вратиме во рацете на граѓаните и да бидеме сериозен тас на вагата веќе на следните парламентарни избори, а веднаш потоа и да бидеме минимум втората политичка сила во државата.Тоа и тоа како можеме да го реализираме, затоа што тоа ние еднаш веќе го направивме. Го направивме тоа во Куманово кога сите нѐ отпишаа. Се боревме сами против сите. Но не бевме сами. Обичниот граѓанин беше рамо до рамо со нас. Максим немаше да биде избран на последните избори доколку немаше поддршка од обичниот граѓанин. И затоа сметам дека таа енергија може да се прошири низ целата држава“, нагласи Димитриевски и додаде дека влегол во оваа трка не за да се бори сам за себе си, туку рамо до рамо со обичниот граѓанин да се бори за подобра иднина и подобра перспектива.

„Јас имам позиција во Куманово којашто ми ја дадоа мои кумановчани. Но видете, кога гледате несреќни луѓе околу вас вие не можете да бидете среќен кога извршувате било каква функција. Затоа ќе водиме позитивна кампања. Нашата кампања ќе нуди соодветни решенија, а тие нека си ги вадат црните работи и имаат обврска да ја разматат барата којашто јазаматија во целост.”

Тој истакна дека му е од особена чест, како  за членовите на Движењето ЗНАМ за наша Македонија е што член на движењето е и правнуката на војводата Гоце Делчев, г-ѓа Корнелија Дуганова Јованова.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ