петок, 17 мај 2024
Претседателскиот кандидат на ЗНАМ од Гостивар

Димитриевски: Двете елити 20 години владееја коруптивно, јас знам како да ја водам Македонија

„Двете политички елити, алчни за власт се обидуваат сите овие дваесетина години да им се приспособат на ДУИ. Ја запоседнаа повеќе од половина извршна власт, а исто така секојдневно ја запоседнуваат и независната, судската власт“, рече во рамки на кампањата на собир во Гостивар претседателскиот кандидат на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски. Тој побара поддршка за да биде избран за претгседател и нагласи дека знае како да ја води Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

Сакам да бидам претседател кој генерира решенија, ќе предлагам закони кои се во интерес на граѓаните, а не да потпишувам закони како навиен од политичките елити, рече Димитриевски.

Вечерва пред граѓаните од повеќе полошки општини во летниот амфитеатар Димитриевски остро ја критикуваше актуелна владејачка гарнитура, а нивното владеење го оцени како самовластие обременето со корупција.

„Двете политички елити, алчни за власт се обидуваат сите овие дваесетина години да им се приспособат на ДУИ. Ја запоседнаа повеќе од половина извршна власт, а исто така секојдневно ја запоседнуваат и независната, судската власт. Професионалците во системот се настрана, а париските војници ги влечат сите потези“, рече Димитриевски.

Тој напомена дека има решенија и мерки кои се состојат во нивниот концепт наречен „Манифест за Македонија“ Во него, како што рече, има пет конкретни решенија.

„Ние го нудиме тоа што е најнеопходно – како да се надминат сите генерирани проблеми во државава и тоа во конкретни рокови. За мене како иден претседател на Македонија апсолутно е неприфатлива измена на Уставот во делот за избор на претседател во Собранието“, рече кандидатот за шеф на државата и објасни дека на таков начин се крши легитимитетот на претседателот.

Кандидатот за претседател од ЗНАМ повика на масовна излезеност на 24 април и од гостиварци побара да ги повикаат нивните блиски, бидејќи, како што рече, овие избори се пресудни за иднината.

„Од изборите зависи која насока Македонија ќе ја избере и дали ќе се реализира како приватна држава и сопственост на поединци или како реална граѓанска држава во којашто права ќе уживаат сите. Дадете ја поддршката за бројот седум, бидејќи знам, ќе покажам и ќе потврдам како да ја водам Македонија во вистинска насока“, рече Димитриевски.

На собирот се обратија Соња Ѓорѓиевска и првиот човек на гостиварскиот огранок на ЗНАМ, Љубомир Величкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ