сабота, 27 јули 2024
Прес-конференција на Максим Димитриевски

Димитриевски: Државата најгрубо ја крши децентрализацијата

Објавено на

часот

Сподели

Димитриевски информира дека вчера пристигнало решение од Министерството за труд и социјална политика на коешто е потпишана ресорната министерка со кое се одземаат ингеренциите на Општина Куманово за поставување и разрешување на директор во ЈОУ Детска градинка Ангел Шајче, како и за поставување и разрешување на в.д. директор во оваа институција.

„Искрено сум разорачан, се потврди со ова решение дека историјата се повторува. Оваа централна власт не се согласува со неистомислениците, секогаш мора да се работи по нивен диктат и ова е најгрубо кршење на децентрализацијата во државата. Со ова само потврдуваат уште еднаш дека имаат за намера спротивно статутот на оваа институција да постават директор во истата институција која веќе незаконски е околу 20 години директор.

Иако сум разорачан борбата на Општината нема да застане, ќе ги искористиме сите правни средства, истото решение ќе го обжалиме пред надлежен суд и ќе ја водиме нашата борба во делот на поголема децентрализација, бидејќи сметаме дека оваа јавна институција заслужува да има подеднаков третман како и останатите и да излезе од партиските пранги кои во моментот сè се поцврсти“, изјави Димитриевски.
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ